Хоризонт Турново го декласираше Спартмани со разиграниот Крстев Васил

Вчера во рамки на 13. коло од Третата лига – Исток, екипата на Хоризонт Турново на гостувањето во Градско Балдовци со високи 0:8 го декласираше Спартмани, кој немаше сили ниту на момент да го запре налетот на разиграните гости.

Турновци уште во 8. минута го отворија резултатот со гол на Петров Дарко. Веќе во 11. минута Блажевски Наум зголеми на 0:2. Во 29. минута Крстев Васил погоди за 0:3 на полувреме.

Во вториот дел Глигоров Драги ја стресе мрежата на домашната екипа за високи 0:4, а седум минути подоцна Јанков Стојан зголеми на 0:5. До крајот на натпреварот Крстев Васил ја наполни мрежата на Спартмани со три гола. Во 63. минута младиот Крстев погоди за 0:6, во 70. за 0:7, а во 82. инута ги постави конечните 0:8.

Битката за прво место ја продолжуваат четири екипи. Малеш после вчерашниот пораз ги загуби шансите за прво место, па борбата за Втора лига – Исток ќе ја водат Брегалница Делчево, Детонит, Овче Поле и Хоризонт Турново.

Comments are closed.