Џио Струмица ја освои осмата Куп-титула

Одбојкарите на Џио Струмица го совладаа Универзитет во Тетово со пресврт со 3:1 (18:25, 25:21, 25:20 и 25:16) и четвртипат едноподруго, а вкупно осми го освоија куп-пехарот.

Владо Милев, Марјан Урдов и Ристо Николов одиграа одличен меч, па ефектот на Јовица Симовски и на примачите на противникот не можеа да донесат прва клупска титула за Универзитет.

Џио Струмица ја продолжи доминацијата во меѓусебните дуели со осма победа во деветтата средба во минатите три сезони сметајќи ја и тековната. Стабилната игра Милев ја круниса со 19 поени, коректорот Урдов заврши со 17, а центарот Николов заработи 15 од коишто осум беа преку блок. Михаилов и Наков придонесоа со по пет поени, а на три се израдува техничарот Ричлиев.

Кај тетовската екипа Симовски имаше 25, Мирковиќ 15, а Бериша 12, но тоа не беше доволно за постојаност во играта што може да биде доволна за триумф.

Comments are closed.