После подолгата пауза поради Ковид-19, КК Струмица ги продолжува натпревари

Кошаркарите на Струмица се враќаат на првенствените натпревари после подолгата пауза, која за жал се случи поради навлегувањето на Ковид-19 во екипата.

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Струмичката екипа веќе утре на домашен терен во салата „Никола Карев“ ќе го одигра натпреварот со МКК Куманово, во рамки на 16. коло од Втората кошаркарска лига – Исток.

Судиска тројка на натпреварот ќе биде Цветноски, Антовски и Зафировски, додека за делегат е делегиран Мицев.

Се очекува интересен и незвесен натпревар, кој за жал ќе се одигра без присуство на публика поради протоколи и мерките за заштита од Ковид-19. Натпреварот ќе започне во 17:00 часот.

Comments are closed.