Пролетта е период во кој се зголемуваат желбата и потребата за поголем престој и рекреација во природа. Нашата Општина има одлични локации за оваа намена.
.Еко акцијата ќе биде реализирана на ден 28.03.2021 година (недела) во периодот од 10.30 до 14.00 часот на две локации: од пред „Ловен дом” по трим патеката се до Св.Илија и од пред СОУ „Никола Карев” по асфалтниот пат до „Лозињата – Чамчифлик”.
За време на акцијата ќе бидат почитувани сите мерки за претпазливост, носење на заштитна маска, држење соодветна дистанца, а учесниците ќе имаат можност за честа дезинфекција на рацете.
Целта на акцијата е чистење на отпадот од овие локации и подигање на јавната свест за почиста животна средина, а во неа можат да се вклучат сите граѓани љубители на природата.
