Астраион доживеа голем пораз од Работнички во Скопје

Ракометарите на Астраион на денешното гостување во Скопје кај екипата на Работнички претрпеа тежок пораз од високи 39:19, во воведниот натпревар од 4. коло од плеј-аутот од Супер лигата.

Струмичките ракометари го одиграа можеби најслабото полувреме во тековната сезона, за 30 минута постигнаа само пет гола, додека противникот имаше постигнато фантастични 20 голови. Во вториот дел доминацијата на домашната екипа продолжи до конечни 39:19.

Најдобри во редовите на Работнички беа Ален Ќосевски и Стефан Добревски со по седум голови, додека кај Астраион најмногу се истакна Ѓорѓи Касапов со 7 погодоци.

Струмичани остануваат на последното место на табелата во плеј-аутот од Супер лигата без освоени бодови, додека Работнички има девет бодови. Во следното коло Астраион на домашен терен ќе игра против Прилеп, додека Работнички ќе игра дерби во Богданци со Младост.

Comments are closed.