Беласица во сабота на пријателски натпревар со Брегалница

Паузата во домашните натпреварувања поради репрезентативните настапи, фудбалерите на Беласица и Брегалница ќе ја искористат за одигрување пријателски натпревар.

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Во насока на одржување на неопходната форма пред продолжението на шампионатот во Првата лига и Втората лига – Исток, двете екипи ќе одиграат тест дуел.

Натпреварот ќе се игра во сабота (27. март) на Градскиот стадион во Штип, со почеток од 15 часот.

Comments are closed.