ЖФК Тиверија ќе гостува во Битола кај ЖФК Атлетико

Фудбалерките на ЖФК Тиверија во сабота ќе гостуваат во Битола каде ќе ги одмерат силите со ЖФК Атлетико, во натпревар од 19. коло од Првата женска фудбалска лига.

Струмичката екипа на „Павел Шатев“ ќе важи за голем фаворит според квалитетот на екипата и формата. Двете екипи имаат различни цели. ЖФК Тиверија го напаѓа првото место, а со тоа и шампионската титула, додека ЖФК Атлетико води тешка борба за опстанок, која најверојатно и ќе ја загуби и од следната сезона ќе се пресели во второлигашкото друштво.

Натпреварот ќе стартува со почеток во 15:00 часот.

Comments are closed.