Астраион гостува кај Работнички

Ракометарите на Астраион денес во рамки на 4. коло од плеј-аутот од Супер лигата ќе гостуваат во Скопје каде ќе ги одмерат силите со екипата на Работнички.

Струмичките ракометари во Скопје одат по први бодови во плеј-аутот и борбата за опстанок која ќе биде тешка. Работнички ќе важе за фаворит поради поголемиот квалитет на екипата како и формата, но Астраион во Скопје не оди со бело знаме, па младата струмички екипа ќе се обиде со одлична игра на теренот да го изненади фаворитот и во Струмица да се врати со три бодови.

Натпреварот ќе го суди судиската двојка Виткор Начевски и Даниело Божиновски, а делегат ќе биде Маријан Огнановски. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот и истиот ќе може да се следи на официјалниот канал на РФМ на youtube.

Comments are closed.