Одбојкарите на Џио Струмица го запишаа првиот сезонски пораз во тековната сезона од најсилното одбојкарско натпреварување во Македонија, но останува на лидерското место на табелата. Во натпревар од 8. коло Универзитет во Тетово со 2:3 беше подобар од струмичката екипа.

Првиот сет припадна на гостинската екипа која со 21:25 беше подобра, а вториот заврши со 25:19 за Џио Струмица. Третиот сет повторно го добија струмичките одбојкари со 25:22 за 2:1 во сетови. Во четвртиот сет гостите од Тетово со 18:25 израмнија на 2:2 во сетови. Во решавачкиот петти сет, Универзитет со 11:15 беше подобар за конечни 2:3 во сетови.
На табелата нема промени затоа што Џио Струмица има голема бодовна разлика во однос на второпласираниот Универзитет во Тетово. Струмичките одбојкари имаат 48 бодови, додека тетовските имаат 39 бодови.