Во неизвесен натпревар Македонија Макс загуби од фаворитот Јанта Волеј Форца

Одбојкарките на Македонија Макс загубија во неизвесен натпревар со 3:2 во сетови од екипата на Јанта Волеј Форца во Скопје која беше фаворит на натпреварот, во рамки 9. коло од Втората фаза-2 од Првата одбојкарска женска лига.

АРХИВА

Струмичките одбојкарки започнаа одлично и првиот сет го добија со пет разлика при конечни 20:25. Во вториот сет истиот резултат сега на спортивната страна, домашната екипа го доби сетот со 25:20 за 1:1. Третиот сет кој беше неизвесен го доби Македонија Макс со 22:25 за 1:2 во сетови. Во четвртиот сет Јанта Волеј Форца одигра подобро и со 25:17 израмни на 2:2 во сетови. Победникот се решаваше во петтиот сет, каде домашната екипа беше подобра со 15:11 и конечни 3:2 во сетови.

Македонија Макс со 15 бодови е на петото место на табелата, додека Јанта Волеј Форца со 31 бод е на второто место.

Comments are closed.