Наковски Волеј со голема победа над Универзитет во Тетово – Жени

Одбојкарките на Наковски Волеј на домашен терен во Струмица запишаа победа од 3:1 над Универзитет во Тетово – Жени во дербито од дното во рамки од 9. коло од Втората фаза-1 од Првата одбојкарска женска лига.

ФОТО: Наковски Волеј

Во „Димитар Влахов“ првиот сет му припадна на струмичкиот тим кој со 25:21 беше подобар противник. Вториот сет повторно му припадна на Наковски Волеј овој пат подобро со 25:19. Гостите од Тетово со три разлика при 22:25 го добија третиот сет за 2:1. Во решавачкиот четврти сет струмичките одбојкарки одиграа фантастично и сетот го добија со високи 25:13.

Наковски Волеј останува на петото место на табелата со 19 освоени бодови, додека Универзитет во Тетово е на последното место со осум бодови помалку.

Comments are closed.