Голден Арт КЛ7 со 10 разлика славеше над Астраион во Струмица

Астраион на домашен терен загуби во меч со 70 погодоци од екипата на Голден Арт КЛ7 со 30:40, во рамки 3. коло од плеј-аутот од Супер лигата.

Струмичките ракометари тргнаа со водство, но гостите од Скопје брзо ја стопија предноста на домашната екипа и го свртеа резултатот. КЛ7 играше одлично и на полувреме замина со пет гола предност при 15:20.

Во вториот дел гостите продолжија со одличната игра, а предноста се зголемуваше, па избраниците на Игор Котевски на крај имаа десет разлика, а конечниот резулатат беше 30:40. За струмички Астраион ова беше трет пораз, додека за КЛ7 беше трета победа.

Кај струмичани најдобар беше левото коло Славе Јанковски кој постигна девет погодоци, а два помалку имаше десниот бек Васко Наков. Кај КЛ7 најдобри беа Бобан Каковски и Евгениј Темелкоски со по седум гола.

Во следното коло Астраион ќе гостува кај Работнички, додека КЛ дома ќе игра дерби со Младост од Богданци.

Comments are closed.