ЖФК Тиверија со ДЕВЕТ гола го прегази ЖФК Топ Гол

Женскиот фудбалски клуб Тиверија повторно одигра одличен натпревар и на домашен терен во Струмица со 9:0 убедливо славеше над ЖФК Топ Гол од Битола, во натпревар од 18. коло од Првата женска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен во 7. минута со гол на Велкова Сара за водство од 1:0 за домаќините, а само две минути подоцна Панеска Билјана погоди за 2:0. Веќе во 11. минута со гол на Димоска Теодора зголеми на 3:0. Со втор гол на Велкова Сара домаќинот имаше 4:0, а две минути подоцна Велкова Радица постигна гол за 5:0. Гостите од Битола немаа сили ниту за најмал отпор, па во 25. минута Бошеска Ане донесе 6:0 на полувреме.

На стартот од вториот дел ЖФК Тиверија продолжи со убедливата игра, и со гол на нововлезената Јосифова Ива резултатот се зголеми на 7:0. Велкова Сара стигна хет-трик за 8:0. Конечните 9:0 ги постави Михајлова Ања.

ЖФК Тиверија е на второто место на табелата со 44 бодови, четири помалку од првопласираната екипа на ЖФК Каменица Саса. Екипата на ЖФК Топ Гол со 17 бодови е на 11-тото место. Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува во Битола кај ЖФК Атлетико, додека ЖФК Топ Гол ќе гостува во Струга кај ЖФК АС Јунајтед.

Comments are closed.