Третолигашот Тиверија загуби на гостувањето во Радовиш од екипата на Раклиш со резултат од 2:1, во натпревар од 13. коло од Третата лига – Исток.

Резултатот беше отворен рано, во 6. минута со гол на Фенов Антонио за водство на домаќинот од 1:0. Пред крајот на првиот дел Митев Бојан постигна гол за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Тиверија се обидуваше брзо да се врати во игра и да фати приклучок бодови. Коцевски Александар во 71. минута ги постави конечните 2:1.
Тиверија е на деветтото место на табелата со 13 бодови, додека Раклиш со два помалку е на десеттото место на табелата. Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра локално дерби со Спартмани од Градско Балдовци, додека Раклиш ќе гостува во Лозово кај Работник Џумајлија.