Беласица не издржа, Работнички во финишот обезбеди бод од Струмица

Беласица повторно немаше среќа и мораше да се задоволи само со бод, откако одигра 1:1 со Работнички на домашен терен во Струмица.

Младиот и талентиран Гуџуфи рано постигна гол, во 8. минута Беласица имаше водство од 1:0. Водство кое струмичани мудро го чуваа до самиот финиш од натпреварот, кога во 89. минута нововлезениот Петковски Петар ја погоди мрежата на Беласица за конечни 1:1.

Работнички е на петтото место на табелата со 33 бодови, додека Беласица е закована на дното со 14 бодови. Во следното коло Работнички дома ќе игра со Борец, а Беласица ќе гостува во Струга.

Comments are closed.