Ракометарите на струмичкиот суперлигаш Астраион утре на домашен терен ќе се соочат со екипата на Голден Арт КЛ7 во меч од 3. коло од плеј-аутот на Супер лигата.

Во првите два натпревари од плеј-аутот Астраион бележи два порази. Во 1. коло загуби во Струмица од Младост Богданци со 24:30, додека во 2. коло во Кавадарци загуби од Тиквеш со високи 39:25. Младата екипа на Голден Арт КЛ7 во Струмица доаѓа како голем фаворит, а во првите две кола запише две големи победи. Во првото коло славеше над Прилеп со 31:33, додека во второто коло Голден Арт КЛ7 беше подобар од Јуниор Кисела Вода со 37:36.
Дуелот ќе се игра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 17:00 часот.