ЖФК Тиверија денес игра против ЖФК Топ Гол

Женскиот фудбалскиот клуб Тиверија денес на домашен терен во Струмица ќе ги одмери силите со екипата на ЖФК Топ Гол, во натпревар од 18. коло од Првата женска фудбалска лига.

ЖФК Тиверија ќе биде голем фаворит на денешниот натпревар против битолската екипа. Струмичките фудбалерки продолжуваат со борбата за шампионската титула, а во таа борба имаат негатива од четири бодови во однос на првопласираната екипа на ЖФК Каменица Саса.

ЖФК Топ Гол има за цел да заврши во првиот осум со цел да остане во прволигашкото друштво, но борбата за опстанок за битолските фудбалерки ќе биде тешка.

Натпреварот се игра на Општинското фудбалско игралиште во Струмциа со почеток во 14:00 часот.

Comments are closed.