Беласица денес на домашен терен против Работнички

Беласица денес ја чека тежок натпревар против екипата на Работнички на „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струмичките фудбалери ќе имаат тешка задача против Работнички кој во Струмица доаѓа како голем фаворит. Беласица со пораз уште толку ќе ги загуби шансите за евентуално да се надева да фати приклучок за место во бараж зоната. Работнички е силно мотивиран за победа и три бодови со цел да продолжи да го напаѓа третото место и преку тоа да обезбеди излез во Европа.

Дуелот во Струмица ќе започне во 15:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.