Академија Пандев домаќин на Струга Трим Лум

Академија Пандев утре на СЦ „Пандев“ во Струмица ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ влегуваат во позитивна серија резултати и во моментот се во бараж зоната, но имаат само два бода помалку од сигурната зона, па со евентуална победа против Струга, Академија Пандев ќе има можност конечно да влезе во сигурната зона и да фати приклучок кон средината од табелата.

Струга е одличен противник екипата е на високото четврто место и се бори за третото место кое води кон Европа, па во Струмица ги чека тежок натпревар со разиграните „пандевци“.

Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот и ќе биде одигран без публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.