Младите „пандевци“ со четири победи

Успешни настапи во вонредно коло од младинската супер лига. Во сите четири генерации младите фудбалери на Академија Пандев извојуваа исто толку победи против екипата на Њу Старс.

Помалите пионери вчера во Струмица победија со 2:0, пионерите беа поуспешни со резултат од 3:1.

Денес кадети и младинци на Академија Пандев во Скопје ги совладаа своите спортски противници. Кадетите победија со резултат 0:1, а младинците исто така прокнижија нови 3 бода и победија со резултат 2:3.

Comments are closed.