Астраион во Купот против Радовиш, со победа ќе се соочи со поранешниот европски првак Вардар

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени двојките за четвртфиналните групи од ракометниот Купот на Македонија.

Астраион ќе игра во групата В, каде најпрво ќе се соочи со екипата на Радовиш, па доколку оствари победа, тогаш ќе игра против поранешниот европски првак Вардар.

Сосема очекувано е во ова група да помине Вардар без никакви проблеми, како и Еурофарм Пелистер, кои патуваат сигурно во Ф-4 од Купот.

Во групите ќе се игра по еден полуфинален натпревар. Натпреварите ќе се одиграат на 31 март и 1 април, а потоа победниците од полуфиналните натпревари од групата ќе играат финален натпревар и победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир кој е предвиден да се одигра од 29 до 31 мај годинава. Победникот во финалето е освојувач на Купот.

Останатите групи и натпревари се следни:

Comments are closed.