Астраион денес гостува во Кавадарци кај Тиквеш

Ракометарите на Астраион денес имаат тешко гостува кај Тиквеш во Кавадарци, во натпревар од 2. коло од ракометната Суперлигата плеј-аут.

Во деулот кој се игра во Спортската сала „Јасмин“ домаќинот ќе биде голем фаворит, поради квалитетот на екипата, формата и домашниот терен. Но, младата екипа на Астраион во Кавадарци не оди со бело знаме, па сигурно овие млади ракометари во „Јасмин“ ќе истрчат со мотив за изненадување и први бодови во плеј-аутот.

Во минатото коло Тиквеш запиша голема победа над Јуниор Кисела Вода, додека Астраион во Струмица загуби со шест разлика од Младост Богданци.

Судиска двојка на мечот ќе биде Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од СКопје, додека за делегат е делегиран Владимир Саздовски од Скопје.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот и истиот можете да го следите ОВДЕ.

Comments are closed.