Калпачки од Беласица со повик во репрезентацијата до 21 година

Играчот од среден ред на Беласица, Давид Калпачки доби повик од селекторот на репрезентацијата до 21 година Благој Милевски.

Калпачки со неговите соиграчи од репрезентацијата ќе настапи на силниот меѓународен турнир во Анталија, Турција.

20- годишниот Калпачки е еден од поискусните фудбалери на струмичкиот прволигаш, па со неговите игри го привлече вниманието и сосема заслужено добива повик и место во репрезентацијата.

Comments are closed.