Академија Пандев со тројца репрезентативци

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев со тројца репрезентативци. Марјан Радески доби повик од селекторот Игор Ангеловски во А селекцијата, за трите натпревари од квалификациите за Светското првенство 2022. Првиот натпревар против Романија кој се игра на 25 март во Букурешт, Лихтенштајн на 28. март и последниот натпревар против големиот фаворит Германија на 31. март во Дуизбург.

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22. март во Скопје.

Додека пак Ферати Бесник и Бојан Димоски добија повик од селекторот Благоја Милевски во У-21 репрезентацијата на Македонија и ќе настапат на силниот меѓународен турнир во Анталија, Турција.

Comments are closed.