Академија Пандев против Македонија ЃП во полуфиналето од Купот на Македонија

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршен ждреб за полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Академија Пандев во полуфиналето ќе ги одмери силите со Македонија Ѓорче Петров, а Струга Трим Лум ќе се соочи со Силекс.

Еден натпревар одлучува за финалистите во Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2021.

Натпреварите ќе се одиграат на 7. април 2021. со почеток во 15:00 часот.

Comments are closed.