Ниту новиот руски тренер не помогна, Борец со победа над Беласица

Борец на домашен терен запиша минимална, но голема победа над „фенерџијата“ Беласица, која не можеше да дојде до посакувата победа за опстанок ниту со новиот руски тренер Чернишов.

Во првиот дел од мечот одигран на Градскиот стадион во Велес мрежите мируваа. Во второто полувреме Беласица истрча со надеж за изненадување и трите бодови да ги однесе во Струмица, а со тоа да ги зголеми шанси за опстанок, меѓутоа во 55. минута хрватскиот интернационалец Баша Еди со убав гол им ги урна надежите на струмичани, кои дома си одат со празни раце.

Борец ја дели петтата позиција со Работнички со по 32 освоени бодови, а Беласица останува „забетонирана“ на дното со само 13 бодови, а денешниот пораз шансите за опстанок им ги спушти на минимум.

Во следното коло Борец дома ќе игра со Пелистер, а Беласица на „Благој Истатов“ ќе има тежок натпревар со Работнички, кој ќе бара победа, после вчерашниот пораз од „пандевци“.

Comments are closed.