Спартмани во Радовиш доживеа дебакл од Детонит

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци со убедлив пораз ја започна пролетната полусезона од Третата лига – Исток.

АРХИВА

Детонит со убедлива победа од 11:0 го прегази Спартмани, кој немаше сили ниту за еден гол. Резултaт беше отворен во 11. минута со гол на Адемов Сердар, а шет минути подоцна Спасов Зоран погоди за 2:0. Во 28. минута Рунчевски Емил постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Коцевски Горан зголеми на 4:0. Радовишани беа пресилни и веќе во 33. минута имаа 5:0 со нов гол на Коцевски. До крајот на првиот дел Спасов постигна уште два гола за 7:0 на полувреме.

Во вториот дел Детонит продолжи со доминацијата и во 50. минута со гол на новото засилување Станоевски Томи постигна гол за 8:0. Шест минути подоцна Стојанов Горан зголеми на 9:0. Во 60. минута Спасов со четврти гол зголеми на 10:0, а две минути подоцна Мојсов Кристијан ги постави конечните 14:0.

Детонит е на второто место на табелата со 29 бодови, додека Спартани со 16 бодови останува на шесттото место на табелата.

Comments are closed.