ЖФК Тиверија со голема победа над ЖФК Борец во Велес

Женскиот фудбалски клуб Тиверија забележа убедлива победа од 0:3 над ЖФК Борец на Градскиот стадион во Велес, во меч од 17. коло од Првата женска фудбалска лига.

Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни. На стартот на вториот дел ЖФК Тиверија со гол на Димоска Теодора дојде до водство од 0:1. Неизвеност на самиот натпревар имаше до 87. минута, кога Панеска Билјана со два гола во самиот финиш ја потврди големата победа за струмичките фудбалерки од 0:3.

ЖФК Тиверија е втора на табелата со 41 бод и има негатива од четири бодови во однос на лидерот и актуелен шампион Каменица Саса. ЖФК Борец со 16 бодови е на 11-тото место на табелата.

Comments are closed.