Тиверија со победа над Чешиново

Третата лига – Исток стартуваше денес, со натпреварите од 12. коло.

Тиверија со победа над Чешиново го стартува пролетниот дел, откако на домашен терен во Струмица славеше со 2:0.

АРХИВА

Во првиот дел од мечот немаше погодоци. Во второто полувреме Тиверија преку Трајков Васко во 63. минута дојде до водство од 1:0. Одличната игра на домаќинот продолжи и во 82. минута Чукарски Методиј постигна гол за конечни 2:0.

Тиверија со 13 бодови е на осмото место на табелата, додека Чешиново со бод повеќе е на седмо место.

Comments are closed.