Хоризонт Турново со пет гола го прегази Раклиш

Хоризонт Турново на домашен терен со високи 5:0 го прегази Раклиш. Турновци на „Кукуш“ беа незапирливи во натпревар од 12. коло од Третата лига – Исток.

Првиот гол падна во 23. минута со гол на младиот Крстев Васил за водство од 1:0. Во 35. минута повторно Крстев ја погоди мрежата на Раклиш за 2:0, а само четири минути подоцна Крстев со трет гол го отпиша Раклиш.

Во 43. минута Петров Дарко постигна гол за 4:0, а пред самиот финиш на првиот дел Блажевски Наум постигна гол за 5:0. Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првите 45. минута стана конечен.

Хоризонт Турново е на четвртото место на табелата со 25 бодови, додека Раклиш останува на десеттото место со 8 бодови.

Comments are closed.