Македонија Макс немаше среќа и загуби од Фит Фан Волеј

Одбојкарките на Македонија Макс загубија од екипата на Фит Фан Волеј со 2:3 во сетови, во меч од 8. коло од Втората фаза -2 од Првата женска одбојкарска лига.

АРХИВА

Интересен, возбудлив и неизвесен натпревар до самиот финиш, со голема среќа за гостите. Струмичките одбојкарки првиот сет го загубија со 23:25, додека во вториот сет одиграа далеку подобро и истиот го добија со 25:20 за 1:1 во сетови. Во третиот гостите одиграа одлично, прикажаа подобра игра и сетот го добија со 15:25, за 1:2 во сетови.

Четвртиот сет го однесе Македонија Макс, откако струмичките одбојкарки одиграа одлично и сетот го добија со 25:20 за 2:2. Последниот решавачки сет беше неизвесен до самиот крај, но сепак повеќе среќа имаа гостите кој го добија со 13:25, за конечни 2:3 во сетови.

Натпреварот се играше во ОУ „Видое Подгорец“ во Струмица.

Comments are closed.