Струмичкото градско дерби за екипата на Струмица Жени, која го надигра Наковски Волеј

Одбојкарките на Струмица Жени по втор пат ова сезона го надиграа градскиот ривал Наковски Волеј со високи 0:3 во сетови, во меч од 8. коло од Втората фаза – 1 од Првата женска одбојкарска лига.

Во натпреварот одигран во ОУ „Видое Подгорец“ во Струмица, доминација, квалитет и моќ во сите три сета за одбојарките на Струмица Жени. Првиот сет Струмица Жени го доби со 16:25, а во вториот уште поубедливо со 14:25. Третиот сет заврши со 15:25 и голема победа за одбојкарките на Струмица Жени.

И во првото нивно меѓусебно соочување Струмица Жени беше подобар противник.

Comments are closed.