Убедлива победа на Џио Струмица над Борец

Одбојкарите на Џио Струмица запишаа нова убедлива победа од 3:0 во сетови над Борец, во меч од 7. коло од Втората фаза од Првата одбојкарска лига.

Првиот сет од мечот одигран во Спортската сала „Парк“ во Струмица заврпи со убедливи 25:12 за Џио, додека вториот и третиот сет завршија со 25:14.

Џио Струмица со 47 бодови е на првото место на табелата, додека Борец со само 18 бодови е на последното место на табелата.

Comments are closed.