Тиверија пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Чешиново

Стартува пролетната полусезона од Третата лига – Исток, а екипата на Тиверија на Општинското игралиште со вештачка трева во недела ќе ја пречека екипата на Чешиново во меч од 12. коло.

Интересен дуел кој ќе привлече големо внимание. Тиверија одигра релативно лоша есенска полусезона, па во недела ќе истрчат со цел да го поправат тој впечаток, да запишат победа и три бодови, што може да ги искачи едно место на табелата. Чешиново одигра солидно, беше одличен на стартот од сезоната, а потоа екипата влезе во резултатска криза што ги спушти до седмото место на табелата.

Тиверија на домашниот терен во Струмица ќе важи за фаворит за победа, па останува да видиме дали фаворитската улога ќе биде оправдата со три бодови.

Натпреварот ќе започен со почеток во 15:00 часот.

Comments are closed.