Спартмани на тешко гостување кај Детонит во Радовиш

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци пролетната полусезона од Третата лига – Исток ќе ја започне со гостување во Радовиш, каде ќе се соочи со фаворитот Детонит, во натпревар од 12. коло.

Фортмата го прави Детонит да биде голем фаворит на мечот кој ќе се игра на Градскиот стадион во Радовиш, но Спартмани покажа во есенскиот дел дека е „незгоден“ противник и дека не признава фаворити. Радовишани исто така се фаворити и за првото место на табелата и враќање во Втората лига – Исток, додека Спартмани кој одигра солидна есенска полусезона во недела ќе игра без притисок и токму тоа може да направи и резултатско изненадување.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот, а трибините ќе останат празни, поради мерките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.