ЖФК Тиверија во недела ќе гостува кај ЖФК Борец

Женскиот фудбалски клуб Тиверија во недела ќе гостува кај екипата на ЖФК Борец во Велес, во натпревар од 17. коло од Првата женска фудбалска лига.

Тиверјанки на мечот на Градскиот стадион во Велес ќе истрчат како големи фаворити за нова победа и три бодови. Струмичките фудбалерки се далеку поквалитетни, искусни, формата е далеку подобра од ЖФК Борец. Во подготовките ЖФК Тиверија два пати славеше над ЖФК Борец, во Велес со 1:3, а во Струмица со 3:1.

АРХИВА: ЖФК Тиверија – ЖФК Шкендија

ЖФК Тиверија Струмица е еден од главните фаворити за шампионската титула. Струмичкиот клуб е на второто место на табелата со 38 бодови, само четири помалку од актуелниот шампион и лидер ЖФК Каменица Саса, додека на третото место е ЖФК Деспина Прилеп со 37 бодови. Овие три клуба остануваат главни фаворити во трката за титулата.

Натпреварот во Велес ќе започне во 12:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.