Хоризонт Турново фаворит за враќање во Втора лига, во недела стартува на „Кукуш“ против Раклиш

Хоризонт Турново во недела ја отвара пролетната полусезона со натпревар на домашен терен против екипата на Раклиш од Радовиш, во натпревар од 12. коло од Третата лига – Исток.

Турновци во недела дефинитивно ќе бидат големи фаворити, квалитетот на екипата и формата гарантираат трите бодови да останат во Турново. Раклиш одигра лошо во есенската полусезона, квалитетот и формата е многу послаб во однос на домаќинот, па шансите во недела да изненади се речиси еднакви на нула.

АРХИВА

Хоризонт Турново е голем фаворит и за првото место на табелата, а со тоа и враќање во Втората македонска фудбалска лига и клубот конечно да се врати на старите патеки, а чекор по чекор еден ден и во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот ќе се игра на „Кукуш“ со почеток од 15:00 часот и ќе биде одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.