Академија Пандев во сабота гостува во Скопје кај Работнички

Академија Пандев во сабота го отвара 23. коло од Првата македонска фудбалска лига со гостување на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде ќе се соочи со екипата на Работнички.

Интересен и неизвесен дуел овој пат без снег, во кој „пандевци“ ќе мораат да дојдат до победа и три бодови, со цел да направам голем исчекор за конечен излез од опасната зона во Првата лига. Лесно нема да биде, Работнички има позитивна форма и одлично игра во пролетниот дел, но „пандевци“ имаат квалитет и одличен тренер, па битката за победата не е невозможна.

Главен судија на мечот ќе биде Качевски Јован од Струга, а ќе му помагаат Маевски Ацо и Бакрачески Разме исто така од Струга.

Натпреварот кој ќе привлече голема фудбалско внимание ќе може да се следи и во живо на телевизија со почеток од 15:00 часот.

Comments are closed.