Беласица предводена од рускиот тренер Чернишов во недела ќе гостува во Велес кај Борец

Беласица во недела со новиот руски тренер Андреј Чернишов ќе гостува во Велес каде ќе се соочи со Борец, во меч од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струмичките фудбалери немаат право на грешка, па во Велес ќе имаат тешка задача за обезбедат победа и три бодови, доколку сакаат да останат со поголеми шанси во борбата за опстанок. Борец ќе биде фаворит на натпреварот, велешани исто така атакуваат на победа и три бодови, со цел да направат чекор напред и да останат подалеку од опасната зона на испаѓање.

За рускиот тренер Чернишов дуелот во недела ќе биде прв официјален натпревар, односно ќе има има деби, па останува на видиме дали четвртата тренерска смена во струмичкиот прволигаш ќе донесе поголеми шанси за опстанок.

Главен судија на натпреварот ќе биде Тефику Ндерим од Куманово, а ќе му помагаат Петковски Мартин и Андевски Бојан, исто така од Куманово.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.

Comments are closed.