ЖФК Тиверија го прегази ЖФК Кочани во осминафиналето од Купот

Женскиот фудбалски клуб Тиверија денес на Општинското игралиште со вештачка трева во Струмица со убедливи 10:0 го декласираше ЖФК Кочани, во меч од осминафиналето од женскиот фудбалски Куп.

Првиот гол падна во 8. минута, а стрелец на истиот беше Димоска Теодора. Во 16. и 18. минута Панеска Билјана постигна два погодоци за 3:0. Во 35. минута Панеска постигна трет гол на натпреварот за 4:0, а четири минути подоцна Николовска Теодора стрелаше за 5:0 на полувреме.

АРХИВА: ЖФК Тиверија – ЖФК Шкендија

Во вториот дел ЖФК Тиверија продолжи со одличната игра. Во 60. минута Панеска постигна четврти гол за 6:0, а четири минути подоцна Јосифова Ива постигна гол за 7:0. Во игра влезе и Михајлова Ања која погоди за 8:0 во 66. минута, а во 70. минута стрелаше Василева Васка за 9:0. Конечните 10:0 ги постави Николова Ивана со гол постигнат во 78. минута.

Одличен натпревар за струмичките фудбалерки, кој во Првата женска фудбалска лига ќе водат борба за шампионската титула.

Comments are closed.