ЖФК Тиверија утре на домашен терен против ЖФК Кочани во осминафинале од Купот

Женскиот фудбалски клуб Тиверија утре на Општинското игралиште со вештачка трева во Струмица ќе се соочи со екипата на ЖФК Кочани, во рамки на осминафилането од женскиот фудбалски Куп.

АРХИВА

На натпреварот кој ќе започне во 13:30 часот ЖФК Тиверија влегува како апсолутен фаворит за победа, па гостинот од Кочани е без никакви шанси за позитивен резултат.

Прв судија на натпреварот ќе биде Ристов Сашко од Струмица, а ќе му помагаат Илиевска Снежана од Македонска Каменица и Шопов Љубе од Струмица. За контролор на натпреварот е делегиран Трпчевски Димитар од Кавадарци.

Comments are closed.