Тиверија загуби на пријателскиот натпревар со Детонит од Радовиш

Третолигашот Тиверија вчера одигра контролен натпревар со Детонит од Радовиш кој го загуби со 0:2.

Тиверија не одигра според очекуваното во есенската полусезона од Третата лига – Исток, а во пролетниот дел влегува со цел за подобар пласман на табелата.

АРХИВА

Детонит е екипа која есенската полусезона ја заврши на второто место на табелата во Третата лига – Исток и ќе се бори за влез во Втора лига – Исток, а вчерашниот контролен натпревар е квалитетен тест за струмичкиот клуб. Стрелци на двата голови беа Дени Андонов и Ахмет Ибраимов.

Тиверија пролетниот дел од сезоната го отвара на домашниот терен во Струмица против екипата на Чешиново. Стартот на пролетната полусезона е закажан за 14 март, односно следниот викенд.

Comments are closed.