Македонија Макс загуби од Пелистер Волеј на домашен терен во Струмица

Одбојкарките на Македонија Макс загубија на домашен терен во Струмица од екипата на Пелистер Волеј со 1:3 во сетови, во натпревар од 7. коло од Втората фаза – 2 од Првата женска одбојкарска лига.

Првиот сет заврши со 24:26 за гостите од Битола, во вториот сет го добија струмичките одбојкарки со 26:24. Во третиот сет се водеше голема борба која на крај ја добија одбојкарките на Пелистер Волеј со 23:25. Во четвртиот сет тотална доминација на битолските одбојкарки за голема победа во Струмица.

Македонија Макс останува на четвртото место на табелата со 13 освоени бодови, додека Пелистер Волеј е на третатата позиција со 23 бодови.

Comments are closed.