Наковски Волеј загуби на гостувањето во Скопје кај Работнички

Одбојкарките на Наковски Волеј загубија на тешкото гостување во Скопје кај екипата на Работнички со 3:1 во сетови, во меч од 7. коло од Втората фаза – 1 од Првата женска одбојкарска лига.

Првиот сет помина со многу борба и истиот заврши со 27:25 за домаќинот, додека во вториот сет струмичките одбојкарки беа далеку подобри и истиот го добија со 19:25. Во третиот сет домаќинот покажа голема моќ, а гостите од Струмица немаа сили за голем отпор и сетот го загубија со 25:11. Четвртиот сет заврши со 25:20 за Работнички.

Во однос на табелата, Наковски Волеј со 16 бодови е на петтото место на табелата, додека Работнички е место погоре и има 28 бодови.

Comments are closed.