Одбојкарките на Струмица Жени со убедлива победа над Универзитет во Тетово – Жени

Одбојкарките на Струмица Жени запишаа голема и убедлива победа над екипата на Универзитет во Тетово – Жени, со 3:0 во сетови, во меч од 7. коло од Втората фаза – 1 од Првата женска одбојкарска лига.

Убедливата победа струмичките одбојкарки ја најавија уште во првиот сет кој го добија со убедливи 25:9. Вториот и третиот сет завршија со ист резултат, односно 25:16.

Во однос на табелата, Струмица Жени е на високото трето место со 28 освоени бодови, додека одбојкарките од Тетово се на последното место со 11 бодови.

Comments are closed.