Хоризонт Турново ремизираше на последниот контролен натпревар со Овче Поле

Хоризонт Турново денес го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на пролетната полусезона од Третата лига – Исток против екипата на Овче Поле од Свети Николе, кој заврши без победник со резултат од 0:0.

Турновци одиграа одличен натпревар, исполнет со многу борба, цврсти дуели и многу шанси за голови. Третолигашот од Турново е подготовен за пролетната полусезона, во која ќе се бори за првото место и враќање во Втората македонска фудбалска лига.

Пролетниот дел Хоризонт Турново го започнува на „Кукуш“ против екипата на Раклиш од Радовиш.

Comments are closed.