Женскиот фудбалски клуб Тиверија слободниот викенд го искористи за да одигра пријателски натпревар со екипата на ЖФК СЦ Истатов, кој го доби со убедливи 4:1.
Големата победа на Тиверијанките ја донесоа Јосифова која беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Димоска и Николовска.

Следен натпревар за ЖФК Тиверија е Куп натпреварот против ЖФК Кочани кој се игра во Среда со почеток од 13:30 часто на Општинското игралиште со вештачка трева „Филип Лазаревски“. На овој натпревар ЖФК Тиверија влегува како апсолутен фаворит.