Градското дерби во Струмица меѓу Беласица и Академија Пандев заврши без победник

Градското дерби во Струмица заврши без победник, откако Беласица и Академија Пандев ремизираа без голови на „Благој Истатов“ со што ги поделија бодовите.

Двете екипи водат тешка борба за опстанок, па на денешниот дуел и двете екипи играа со мотив за победа и три бодови.

Оваа беше последен натпревар од вториот круг од натпреварувањето во Првата лига, следува ждрепка, по што ќе започне третиот круг.

Во однос на табелата, двете екипи остануваат на позициите на кои беа и пред почетокот на натпреварот, но сега со еден бод повеќе. Беласица е закована на последното место на табелата со 13 освоени бодови, додека Академија Пандев има 22 бодови и со далеку поголеми шанси од Беласица за сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Comments are closed.