Џио Струмица со убедлива победа над Вардар

Одбојкарите на Џио Струмица запишаа убедлива победа над Вардар со 3:0 во сетови, во рамки на 6. коло од втората фаза од Првата одбојкарска лига.

Струмичките одбојкари одиграа фантастичен натпревар во кој покажаа голема моќ над противникот. Првиот сет заврши со 25:19, вториот со 25:18, а во третиот гостинот од Скопје немаше воопшто сили, па Џио го доби сетот со високи 25:12.

Џио останува непоразен на лидерската позиција со 44 освоени бодови, додека Вардар ја задржува третата позиција со 30 бодови.

Comments are closed.