Талентираниот фудбалер и македонски репрезентативец до 19 години Коцев Алескандар го потпиша својот прв професионален договор.
Беласица продолжува со традицијата на промовирање на своите таленти од младинската школа во првиот тим.

Коцев кој е играч за врска, е стандарден првотимец оваа сезона во Првата лига на само 17 години и веќе има запишано неколку асистенции и голови.